Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце
Делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје, објави на Фејсбук, Стојанче Ангелов, кој е и директор на Центарот за управување со кризи.
-Утрово, делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје. Нека им е вечна славата, напиша Ангелов во објавата, во која објави и видео обраќање од полагањето.
Во ФБ статуст претходно тој напиша и дека 24 години подоцна, во текот на денешниот ден, членови на семејствата на загинатите бранители од заседата кај Вејце како и државни, полициски, армиски и други делегации, ќе одадат почит и ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце, „Ангел", кој се наоѓа до градскиот часовник во центарот на Битола како и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во кругот на СВР Битола.
-Воедно почит ќе биде оддадена и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во касарната Илинден во Скопје и пред неколку други индивидуални споменици на загинатите бранители од заседата кај Вејце. Да не се повтори, да не се заборават! Игор Костески (26) од Скопје, Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (24) и Марјан Божиновски (27), сите од Битола. Вечна ви слава, херои македонски!, објави Ангелов.
Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола - Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
Во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.
Ново на Сител
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара