Продажбата на буркини зголемена 200 отсто по забраните во Европа
Продажбата на буркини, преку интеренет, е зголенена „барем 200 отсто“ по забраната во Европа и во некои други земји, тврди австралиската дизајнерка Ахеда Занети.
Оваа облека за плажа, специјално за муслиманкте, е комбинација од бурка, традиционална женска облека кај некои муслимани и бикините, која ги остава соголени само лицето, рацете и стапалата.
Занети (48) која се смета за Австралијанка, затоа што , како што вели, целиот живот го поминала во Австралија, се облекува само во традиционалните муслимански женски облеки.
Се смета дека таа ги има измислено буркините и вели дека првичната идеја била „да им се овозможи на муслиманките, слободно да се вклучат во австралискиот начин на живот на плажите„.
-Буркинито е израз на слободата на жената и претставува здраво живеење, а не нејзино угнетување - вели Занети,инсистирајќи дека не може никој да им кажува на муслиманките што да облекуваат.
Франција првично забрани носење хиџаб (целосно покривање на жените и девојчињата, освен очите) во училиште, оправдувајќи го тоа со безбедносни причини и со неможноста од идентификација на жената што го има на себе, но и за дискредитирање на исламизмот и за одбрана на секуларизмот.
Ова лето, градоначалникот на Кан, забрани на плажите да се носи буркини за да, како што рече, се избегне двоењето на лугето и одново, за да се заштити секуларизмот во француското општество.
Казната за непочитување на оваа забрана изнесува 38 евра и таа важи до крајот на авгист годинава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани