Свет
7. јуни 2016 - 13:31

Процедурата за разрешување на Дилма Русеф ќе трае до средината на времетраењето на Олимписките Игри

Процесот за отповикување од должност на бразилската претседателка Дилма Русеф ќе заврши некаде на средината на Олимпијадата, што ќе се одржи во Рио де Жанеиро во август, согласно одредбите кои ги усвои сенатската комисија задолжена за импичментот, пренесе БТА.

Олимписките Игри во Бразил завршуваат на 21 август.

Истомислениците на вршителот на должноста претседател Мишел Темер, во Сенатот бараа забрзување на процедурата, но претседавачот со комисијата Рајмундо Лира реши да се придржува кон првично зацртаните  одредби, според кои 16 август претставува краен рок за завршување на процесот.

Решението е неуспех за новата администрација која сака Темер што побрзо да биде утврден на функцијата претседател, за и официјално да ја добие власта заради отпочнување на, како што велат, мерките за построга економска политика, неопходна во однос на фискалниот дефицит на Бразил и растот на економијата.

Русеф беше привремено отстранета од должност на 12 мај откако Сенатот го изгласа почетокот на процесот против неа, во врска со буџетното законодавство. Нејзината функција ја зазеде потпретседателот Темер, кој по се изгледа и дека ќе го доврши мандатот, што истекува во 2018 г., во случај ако таа биде прогласена за виновна.

Утре комисијата ќе го започне сослушувањето на сведоците и вештите лица, а на 28 јули ќе поднесе извештај пред Сенатот.

На 2 август комората ќе гласа по извештајот, а наредните 14 дена се период предвиден за завршните излагања на двете страни, пред да се изгласа конечната пресуда околу тоа дали  Русеф за виновна или не.