Привршува изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Глумово-Шишево
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири заедно со градоначалникот на општина Сарај Беким Мурати денеска направија увид во реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Глумово-Шишево во општина Сарај.
При увидот, како што информират од кабинетот на министерот Изаири, констатирано е дека проектот е во завршна фаза. - Физичките работи на објектите се целосно реализирани, а во тек се подготвителни работи за приклучок на водоводна и електро-дистрибутивна мрежа од страна на ЈП Водовод Скопје и ЕВН Македонија. По испитувањето и добивањето на протоколи од акредитирани институции објектот во скоро време се очекува да биде спремен за технички преглед и пробна работа, се наведува во соопштението.
Проектот е финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање и е во вредност од 44.323.679,00 денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот