Привремено одземен имотот на таткото на Коста Кецмановиќ
Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое му забранува на таткото В. К на детето масовен убиец да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило.
Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка.
Против гореспоменатото решение е дозволена жалба до Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, што не го одлага извршувањето на решението.
Обвинетиот В.К. се товари за извршување на кривично дело „тешко дело против општата сигурност“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг