Македонија
16. October 2023 - 11:57

Приведени тројца крадци од Битола

На патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, Битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола вчера ги лишиле од слобода Д.Ќ.(23), Н.М.(18) и С.М.(22), сите од Битола.

Од МВР информираа дека тие се сомничат дека со употреба на сила и подесен алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе предмети. Кај нив, појаснуват од МВР, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.