Приведени седум возачи за управување возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
На 12.10.2025 во 22:53 часот на ул.„8 Октомври“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(39) од Крива Паланка. Претходно, на истата улица, тој со возилото „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал со сообраќајна незгода со возило „ауди“ со кривопаланчки регистарски ознаки во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека С.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,33 промили алкохол во крвта, по што тој агресивно се однесувал кон нив при вршење на службените дејствија.
На 12.10.2025 во 11:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,56 промили алкохол во крвта.
На 12.10.2025 во 14:31 на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службениц од СВР Тетово го лишија од слобода С.А.(50) од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека во населено место управувал возило „ауди“ со брзина од 108 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
На 12.10.2025 во 15:10 на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишија од слобода А.Х.(26) од с.Патишка Река, скопско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фолксваген пасат“ со брзина од 181 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.
Подоцна, откако бил ослободен тој повторно бил фатен како го управува возилото со брзина многу поголема од дозволената. Имено, на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, тој е затекнат како го управува возилото со брзина од 105 киометри на час на место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час.
На 12.10.2025 во 15:12 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ј.(19) од с.Слатино, тетовско, кој управувал возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.
На истото место кај наплатната станица Желино, во 15:44 часот од слобода е лишен и К.М.(28) од Радовиш затоа што радар било констатирано дека управувал патничко возило „фоилксваген артеон“ со радовишки регистарски ознаки со брзина од 173 километри на час, односно 73 километри на час повеќе од дозволеното.
На 12.10.2025 во 20:20 часот на локален пат Раштани-Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Ј.(57) од Велес. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал со патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки и патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од село Бузалково, во која со телесни повреди се здобиле Р.С. и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општа болница Велес, било утврдено дека З.Ј. управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Пијан гевгеличанец кој користел отсуство од затвор се обидел да ја убие поранешната партнерка
-
Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа
-
Мицкоски од Росоман: На 19 октомври ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
-
Рама: Западен Балкан не е проблем што треба да се реши, туку решение што чека да се интегрира
-
Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион
-
На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка - над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани
-
Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај
-
Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров