Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
Политичката криза која ја тресе Бугарија дополнително го комплицира замрзнатиот политички дијалог меѓу Софија и Скопје. Падот на владата на Жељасков и политичката неизвесност по граѓанското незадоволство, ги урнаа надежите за воспоставување на дијалог со Скопје, како што најавуваше македонската влада по нова година.
Во вакви услови прашањето со Македонија останува на маргините на интерес за Бугарија, вели за Сител бугарскиот историчар и анлитичар Димитар Атанасов. Според него најоптимистичкото сценарио е доколку во април се спроведат парламентарни избори и брзо потоа завршат преговорите за формирање на владиниот кабинет.
И македонсктите експерти сметаат дека односите меѓу двете земји влегуваат во нова кризна етапа. За Македонија е важно кој и да дојде на власт во Бугарија, да ги исцртаме пред нив македонските црвени линии од кои не отстапуваме, вели екс амбасадорот Ѓорчев.
Статус кво е состојбата и со историските тимови на двете страни. Единствено придвижувања има само во делот на транспортот, и најавите дека ќе се заврши обврската со коридорот 8 и изградбата на тунелот...но по паѓањето на бугарската влада, висат испораките и на овие обврски.
Бугарија најдоцна до следната есен треба да избере и претседател на државата, но тоа нема да биде Радев, бидејќи нема право на повторен избор. Ако се реализираат најавите за формирање за негова политичка партија и успее да ја преземе извршната власт, тоа за Македонија би значело продолжување и заострување на сегашната реторика за уставни измени и спроведување на договорот, смета експертската јавност.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
