МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години

Денеска (12.12.2025) полициски службеници од страна на Оддел за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација и содејство со полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на претходно изготвен план преземаат соодветни мерки и активности за ништење на огромна количина на минско-експлозивни средства.
После цели 15 години, во текот на утрешниот ден (13.12.2025), минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација.
Фактот дека ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, за жал, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должната сериозност. Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
