Приведени пет лица кои нападнале гледачи на фудбалски натпревар во Општина Аеродром
Полицијата попладнево приведе пет лица кои за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром нападнале неколку лица, фрлајќи тврди предмети кон нив.
– Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги лишија од слобода И.М., Д.М., Б.М., Ѓ.Н. и Н.М. по претходна пријава од Е.С. од село Коњари дека петмината насилници пред два дена околу 15 часот за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром ги нападнале него и други гледачи, фрлајќи со тврди предмети кон нив, соопшти МВР.
Со приведените, како што додаваат, е извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за извршено кривично дело „насилство“.
Ново на Сител
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?