Приведени лица за незаконит лов во Македонски Брод
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, по претходно добиени оперативни сознанија за извршено кривично дело „незаконит лов“, по член 228 став 1 од Кривичниот законик и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, врз основа на судска наредба, денеска(08.10) во периодот од 06.00 до 11.00 часот, извршија претрес на дом и помошни простории кај лицата И.Б.(65), М.Б.(37), С.Б.(33) во с.Долно Крушје, општина Македонски Брод.
При претресот биле пронајдени и одземени поголема количина месо од уловен дивеч, еден ловен карабин калибар 7.9 мм, една ловечка пушка едноцевна Руска, една ловечка пушка букерица ИЖ 27 ЕМ Риска калибар 12 мм., 130 парчиња муниција 7.9 мм х57, 13 парчиња муниција 8х57, две парчиња муниција 7.9х57, осум парчиња муниција 7,62х51 и 14 патрони за ловечка пушка калибар 16 мм.
Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот и помошните простории на лицето Б.Б.(80), а се во владение на неговиот син Д.Б.(53) во с.Долно Крушје, Општина Македонски Брод, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка двоцевна Руска калибар 16, поголема количина месо од уловен дивеч и 42 парчиња патрони за ловечка пушка калибар 16 мм.
Од слобода биле лишени М.Б.(37) и С.Б.(33) и биле задржани во ОВР Македонски Брод. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“
-
Го следеле, нападнале и му одзеле илјадници денари- Двајца осомничени за разбојништво
-
Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
-
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството
-
Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација
-
Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип