Македонија
17. јуни 2025 - 13:46

Приведени две лица од Бугарија на ГП Табановце, при гранички проверки пронајдена е дрога

На 16.06.2025  во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.И.(22) и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

Ново на Сител