Приведени двајца лихвари од Штип
На 02.12.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ казниво по член 260 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело - пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
