Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
Во Струмица растат и цените на становите и побарувачката за нив. И покрај поскапувањето, интересот за купување станбен простор останува висок.Според податоците од агенциите за недвижности, метар квадратен во 2025 година е поскап за околу 20 проценти во споредба со претходните години, а побарувачката за станбен простор останува активна и стабилна.
Во одредени делови на градот, во зависност од локацијата цената по метар квадратен достигнува и до 1.300 евра.
На пазарот подеднакво се бараат станови во изградба, нови и постари објекти, а најголем интерес има за станбени единици со површина од 45 до 75 метри квадратни.
Според агентите за недвижности, растот на цените се должи на инфлацијата, зголемените трошоци за градба и ограничената понуда на атрактивни локации, додека побарувачката дополнително е поттикната од купувањето станови за инвестиција и издавање под закуп.
Најактивни купувачи се млади и брачни парови, но и иселеници од странство.
И покрај високите цени, Струмица и натаму останува атрактивна за купување недвижности, а побарувачката засега не забавува. Агентите не ја исклучуваат можноста за дополнителен раст на цените доколку интересот продолжи со исто темпо.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
