Лекарски совети за празници без здравствени ризици
Да се јаде и пие умерено. Многу сол и мрсна храна можат да предизвикаат кардиоваскуларни и стомачни проблеми, предупредуваат лекарите.
-Консумација на мали оброци кои се со повеќе со овошје, зеленчук, јаткасти производи, медитерански тип на исхрана, маслинбово масло, риба, мисиркино месо...Се што е црвено месо, свинско месо- нема забрани, меѓутоа треба еднба дисциплина во однос на јадењето, лебот да биде помалку во оброците застапен. Соленото да се избегнува, туршија, зелка кисела се тоа е солено. Пациентите да претераат да јадат во овие празнични денови повеќе солена исхрана веднаш го качуваат крвниот притисок и ургентните амбуланти веднаш сае полнат на кардиологија, изјави Нас.Доц. д-р Саша Ќаева Анастасова, од Клиниката за кардиологија.
Со храната и алкохолот за Божиќните празници посебно внимателни треба да бидат граѓаните кои долго време постеле, советуваат од Клиниката за токсикологија.
-Бидејќи голем дел од граѓаните постат за време на Божиќните пости, кога ќе се префрлат од посна на наеднаш мрсна храна тогаш се јавуваат симптоми од гастроентестинален тракт во смисла болка во стомакот, повраќање, така да ќе мора да повнимаваат, да се користи редовната терапија и како што реков умереност и нормално внимание, да не се претерува во ништо, па и со мрсната храна, изјави д-р Ирена Јуруков, од Клиниката за токсикологија.
Во спротивно, лекарите се категорични дека страдаат панкреасот, срцето, мозокот и многу лесно некои граѓани можат да се доведат во животозагрозувачка состојба.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
