Приведени двајца криминалци барани по потерници, пронајдена дрога кај нив
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје синоќа во 21.30 часот на ул.„Козле“ во Скопје, ги лишиле од слобода В.З.(21) и О.С.(25), двајцата од Скопје.
Како што денеска информираа од МВР, В.З. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
О.С. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, по наредба на Основното јавно обвинителство Куманово за истрага поради сомнение дека сторил кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.
– При претрес на просториите кои заеднички ги користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги, појаснуваат од МВР.
Лицата биле спроведени во надлежните казнено-поправни установи за издржување на затворските казни, а по расчистување и документирање на останатите случаи против нив ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-
Кривична против 29 годишник, при претрес пронајдени се автоматска пушка, пиштол и 1.167 куршуми | ФОТО
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма