Македонија
10. јуни 2025 - 13:44

Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ отпочнува денеска од населбата Капишец, а ќе трае до 4-ти јули.

На средбата со новинарите утрово, тој потенцира дека преку овој караван, граѓаните ќе се информираат за тоа што е реализирано во изминатите три и пол години, но исто така центарци ќе можат да дадат и свои идеи, сугестии и предлози за поубав Центар.

-Караванот почнува денеска и ќе трае до 4-ти јули. Заедно со граѓаните ќе креираме политики и идеи и ќе ги реализираме. Самиот караван почнува од населбата Капиштец, од детското игралиште кај Зебра. Со општинските служби ќе бидеме заедно со граѓаните и ги слушаме сите нивни предлози и идеи, она што го правиме во текот на годините преку буџетските форуми, истражувањата, анкетите. Нашата цел е да ги слушнеме центарци за нивните предлози и идеи. Се гледаме вечер во маало, рече Герасимовски.

Тој денеска го промовираше и Зелениот катастар со кој преку платформата ГИС со кој сите граѓани имаат на увид состојбата со зеленилото во општината.

-Досега се детектирани 10 000 дрвја низ општината и граѓаните можат да имаат увид за нивниот вид и состојба. Останува уште 30 проценти да се заокружи мапирањето на сите дрвја во Општината, вели Герасимовски.

Караванот ќе почне од населбата Капиштец во Зебра паркот од 18:30 до 20:00 часот, а потоа следат:

-Среда 11.06 од 18:30 до 20:00 часот во Дебар маало (клупата Горан Стефановски)
-Четврток 12.06 од 18:30 до 20:00 часот Пролет игралиште
-Петок 13.06 од 18:30 до 20:00 часот на Паркинг кај Мистер џек (индијанско маало)
-Сабота 14.06 од 10:30 до 12:00 часот кај Зелено пазарче на плочникот
-Недела 15.06 од 10:00 до 11:30 часот на Средно Водно паркингот
-Понеделник 23.06 од 18:00 до 20:00 часот во Парк Капиштец кај спортското игралиште
-Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот во Песталоци (во дворот)
-Среда 25.06 од 18:30 до 20:00 на Ул. 50 дивизија (игралиштето)
- Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот кај Градски ѕид (ескимо пролазот)
-Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот кај НБРМ Плочникот Маџир маало
-Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот кај Пазарче Буњаковец
-Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот во Градски парк
-Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот на Водно (кош Тинекс)
-Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот кај Пајко маало (филхармонија)
-Среда 02.07 од 18:30 до 20:00 на Кеј 13 Номеври, кај кафичите
-Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот во Крњево и Сабота, 05.07 од 18:30 до 20:00 часот на Кале.