Македонија
10. јуни 2025 - 13:38

57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот

СВР Битола информира дека вчера 57-годишна жена пријавила насилна обљуба од страна на нејзиниот сопруг. 

- На 09.06.2025 во 09.45 часот во СВР Битола, 57-годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола, нејзиниот сопруг Б.Е. со закана со остар предмет извршил обљуба врз неа, по што и физички ја нападнал, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.