Приведени 250 мигранти по тепачка во Москва
Руската полиција приведе 250 мигранти по тепачка пред еден трговски центар во Москва, изјави за ТАСС неименуван извор од полицијата.
Мигрантите барале средба со сопствениците на трговскиот центар.
– За да се спречат евентуални масовни немири, полицајците ги привеоа мигрантите и ги одведоа во полициска станица, изјави изворот на руската новинска агенција.
Инцидентот се случил откако обезбедувањето на трговскиот центар синоќа претепало државјанин на Таџикистан, кој таму работел. Мигрантот потоа бил пренесен во болница, со повеќе повреди, меѓу кои и потрес на мозокот. Потоа другите работници почнале тепачка со членовите на обезбедувањето. Подоцна се хоспитализирани уште тројца учесници во судирот поради повреди на главата.
Полицијата ги отфрли тврдењата на медиумите дека еден од мигрантите бил убиен за време на вчерашната тепачка.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
-
Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
-
Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, на ГП Табановце за излез се чека околу 10-15 минути
-
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Пет загинати и десетина повредени во автобуска несреќа на автопат во Њујорк
-
Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција
-
По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк
-
Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер