Македонија
16. February 2017 - 14:02

Хорор во Бутел: 12-годишен ученик тешко повреден по пад од прозорецот на училиштето

Вчера околу 12.20 часот во Скопје во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“, по завршување на часовите, дванаесетгодишен ученик се обидел преку прозорец, кој е на висина од два метри, да влезе во училница која се наоѓа на првиот кат.
При обидот истиот се фатил за завесата на прозорецот, која се скинала, и паднал на плочникот.
 
Со возило на Итната медицинска помош детето било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди и било задржано на понатамошно следење на неговата здравствена состојба.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.