-->
-->
Приведен возач од Гевгелија, возел со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час
-->

На 15.07.2025 во 07.57 часот кај село Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија.
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на час. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
-

Јавните претпријатија тонат во долгови и трупаат загуби
-

Загрижени родители со петиција за забрана и строго регулирање на социјални мрежи за деца под 16 години
-

По втор пат одложено судењето на Стојанче Зарков, обвинет за убиство на сопствената мајка
