Приведен криумчар, пронајдени 28 мигранти од Сирија
На автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, вчера во 19:00 часот полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за Гранични работи Југ го лишиле од слобода Р.К.(32) од Струмица.
Како што соопшти МВР, во товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал.
-За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата мигранти се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка. Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл. 418 б од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје