Македонија
2. October 2025 - 11:50

Приведен крадец од Тетово

На 01.10.2025 во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ч.Б.(34) од Тетово. Во 15:45 часот, со судска наредба, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Ч.Б. во Тетово, при што се пронајдени и одземени пиштол екол“ калибар 9мм со една рамка со три куршуми, мобилни телефони, пет клучеви за стартување на возила, разновидни клучеви и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.