-->
-->
Приведен кавадарчанец со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила застанати на црвено светло
-->

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода П.К., на возраст од 48 години од Кавадарци. При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ co кавадаречки регистарски ознаки, престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР - Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДИК одлучува по приговорите
-

Македонската економија ќе бележи раст од 3%, и инфлација од 4% - прогнозира Виенскиот институт
-

СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено да прифаќа мигранти
-

Преглед на вестите од светот
-

Ден на македонската револуционерна борба
-

Кандидатот за градоначалник на Скопје - Ѓорѓиевски посети дел од скопските општини
-

Мециновиќ ги најави плановите за следните активности
-

Медицинските сестри бараат закон со кој се регулира нивната дејност
