Македонија
12. јуни 2023 - 9:04

Приведен дрвокрадец во скопско

Вчера во 15.15 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од с.Елово, скопско, информира МВР.

Како што информираат од полицијата, околу 11.00 часот во атар на с.Елово тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал. Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.