Македонија
2. јуни 2024 - 17:43

Приведен дилер од Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти МВР.

На 08.02.2024, на автопатот Скопје - Свети Николе, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.