Приведен бегалец од затвор баран со потерница
На 11.05.2024 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје поради тоа што бил баран со потерница по судска наредба за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по чл.236 од КЗ на РСМ, а при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Околу 23.30 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило „алфа ромео“ во кое имало уште две лица. Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А.А.(23) и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родител. Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци
Ново на Сител
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог