-->
-->
Приведен 59-годишен дилер на дрога од Гостивар
-->

Денеска (07.11.2021) во 13.10 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Л.Ф.(59), бидејќи при претрес во неговиот дом во гостиварско Форино биле пронајдени 13 пакувања со прашкаста материја, четири кутии метадон и повеќе предмети со остатоци со прашкаста материја, соопшти МВР.
Пронајдените предмети и прашкастата материја се одземени за вештачење, а лицето е приведено и задржано во полициска станица. По комплетно документирање на случајот против Л.Ф. ќе биде изготвен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
