Македонија
29. јуни 2025 - 13:41

Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта

На 28.06.2025 во 22.26 часот на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода С.Н. (52) од с.Жилче, тетовско.

При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека С.Н. управувал патничко моторно возило „мазда“ со тетовски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.63 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против С.Н.  ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик -  „безобѕирно управување со моторно возило“.