Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП поладнево улати дел од долгот
Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди за МИА сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски.
-Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после кординацијата со превозниците утре се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, истакна Зафировски.
Тој потсети дека автобусите имаат потерба од редовно сервисирање како и секојдневна употреба од гориво за да возат и ннгласи дека поради овие трошоци мора редовно да им се уплаќаат средства за да нема прекин, а граѓаните да не чекаат по автоубските станици.
Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во момент биле доспеани 90 милиони денари. Тие денеска возеа редузирано од 5 до 10 часот, а од утре се враќаат по редовен возен ред.
МИА
Ново на Сител
-
Две години условна казна и 2.500 евра за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта
-
Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор
-
Почина Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот
-
Кривична против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово
-
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи
-
Судот ги одби наводите на одбраната дека Штекли не е способен да го следи судењето на главна расправа
-
Приведени седум возачи за управување возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на Урсула фон дер Лајен и Пелегрини