Притвор за четири лица осомничени за грабеж на бензинска пумпа во Гостивар
Триесетдневен притвор им одреди судија од Основниот суд во Гостивар на четири лица осомничени за обид за грабеж на бензинска пумпа во Гостивар.
- ОЈО Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Гостивар и едно од Тетово, осомничени за сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
Осомничените се товарат дека со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападнат врз животот и телото на друг, се обиделе да ја ограбат бензинската пумпа на „Макпетрол”, лоцирана на ул. „Илинденска” во Гостивар.
Во намерата да ја ограбат бензинската пумпа ги спречиле двајца вработени, од кои едниот заработил удари со пендрек во главата од осомничените.
ОЈО Гостивар против осомничените поднел предлог за определување на мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го уважил предлогот и на сите четворица осомничени им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, сметано од денот на нивното лишување од слобода.
Ново на Сител
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво