Притвор за 24-годишен скојпанец кој ја нападнал својата мајка, а потоа се заканил дека ќе го убие целото семејство
Притвор од седум дена е определен за 24-годишен скопјанец осомничен дека телесно ја повредил својата мајка. Осомничен е дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираа деенска од Јавното обвинителството, на 31 јануари годинава во семејниот дом во селото Љуботен, осомничениот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој најпрвин започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи и телесни повреди. Подоцна во текот на денот, додека оштетената седела во дневната соба со сопругот и другиот син, осомничениот се вратил држејќи нож во рацете и им се заканил на сите дека ќе ги убие.
-Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело, но неговата мајка не го пријавувала, како и можноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство
-
Раст на цената на нафтата
-
Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП поладнево улати дел од долгот
-
39 годишник од Кочани претепан до смрт на улица во Љубљана
-
Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии
-
Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Поевтинуваат бензините
-
Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување