Притвор од 30 дена и за останатите четири лица учесници во настаните од 27 април во Собранието
Триесетдневен притвор судија на претходна постапка им определи и на останатите четири лица, кои се недостапни на органите за прогон, а учествуваа во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија.
- Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, по добиено известие од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ, се недостапни на органите за прогон, донесе решенија со кои на сите им определи мерка притвор во траење од 30 дена по нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, поради постоење на причините предвидени во ЗКП, се наведува во денешното соопштение од судот.
Примерок од решенијата, веднаш по нивното изготвување, од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно одредбите од законот, донесува органот кој ја води постапката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот