Притвор и кривична за лице од Богданци за криумчарење на 10 мигранти
На 21.11.2024 во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци. Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува мигрантите. По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени, соопшти МВР.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Ново на Сител
-
Став на СПМ за измена на државниот грб
-
ДУИ: Преседан - државниот врв не ја честиташе независноста на Косово
-
Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница
-
Демонстрации против Трамп под слоганот „Без кралеви на денот на претседателите“
-
Aвионска несреќа во Торонто, повредени осумнаесет лица | ФОТО + ВИДЕО
-
Во Ријад ќе преговараат високи претставници на САД и на Русија
-
Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози