Став на СПМ за измена на државниот грб
Социјалистичката партија на Македонија ја потсетува пошироката македонска јавност на својот став за измена на државниот грб, изграден уште во 2015 година.
Имено, на потребата од измена ние во Социјалистичката партија на Македоноја воопшто не гледаме како на наводно напуштање на идеолошките принципи поврзани со постоечкиот државен грб, туку како потреба од реафирмање на македонскиот земски грб.
Затоа што тој, како своевиден хералдички одраз на пошироките македонски простори, претставува континутитет или враќање на македонскиот народ на своите симболи и обележја и на неговото поистоветување со нив.
Предложеното решение и во 2015 година и денес го сметаме како враќање на обележјето кое во многу историски настани за македонскиот народ претставувало симбол за превземање на одлучувачки чекори и одраз на македонската идентитетска посебност.
Овој став воопшто незначи дека ги забораваме придобивките од АСНОМ, за разлика од политички партии кои на нив се повикуваат иако само пред две-три години токму тие ја погазија македонската историја, Народноослободителната антифашистичка борба и ги поништија темелните определби на АСНОМ со најгрубо бришење од македонскиот Устав.
Ќе потсетиме дека токму македонските социјалисти преку Народно Ослободителниот Фронт се движечката сила во НОБ, учесници на АСНОМ и најактивни организатори во после воената изградба на Македонија и целосната афирмација на македонскиот народ.
Оттаму, со должно историско право Социјалистичката партија на Македонија спротивставувањето на иницијативата за воведување на земскиот грб искажано од опозициските партии, но и од одредени политички партии кои се дел од власта, го смета како неприфатливо и, со несогледувањето на глобалните промени, спротивно на националните интереси.
Социјалистичката партија на Македонија повикува на прекинување на политичко партиското лицемерие и предупредува на политичката заслепеност, посочувајќи на потребата од оставање простор за трезвено размислување и носење одлуки од национален интерес во период кој ќе биде многу битен за македонската иднина.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ
-
Вчера казнети 949 возачи
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи