Македонија
29. October 2016 - 9:33

„Принцезата Ева“ во МОБ

 

На малата сцена во МОБ денеска и утре ќе биде изведена детската оперска претстава „Принцезата Ева“ по сценарио и во режија на Десанка Глигоријевиќ.

Улогата на принцезата Ева и е доверена на Надежда Рубен, а настапуваат и Симона Петровски, Марика Поповиќ, Катерина Бошковска, Валентина Димитриевска, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, како и Невен Силјановски.

Публиката ќе има можност да ужива и во музиката. Дел е од современи автори, а дел се популарни арии со адаптиран текст во функција на сценариото.