Прилепското обвинителство ја истражува несреќата во која загинаа двајцата параглајдеристи
Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат причините за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по трагедијата која се случи околу 12.40 часот на Мечкин Камен во Крушево кај полетувалиштето за параглајдеристи, информираат од Основно јавно обвинителство-Прилеп кое го истражува случајот.
Според основниот јавен обвинител Милка Спиркоска сѐ уште не се знае што се случило.
- Трагичниот настан се случил околу 12.40 часот на Мечкин Камен во близина на полетувалиштето. На самото место починал 56-годишниот параглајдерист, турист од Украина со иницијали И.В., а параглајдеристот од Велика Британија на возраст од 54 години со иницијали И.М. набрзо им подлегна на тешките телесни повреди во прилепската болница. Британскиот државјанин бил учесник на Британското првенство во параглајдерство што се одржува во Крушево, изјави Спиркоска.
Увид на местото на несреќата извршиле јавното обвинителство, од полициските станици во Прилеп и во Крушево и екипи на крим-техника. Истрагата е во тек.
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен денеска соопшти дека несреќата се случила кај Мечкин Камен во Крушево вчера во 12.30 часот откако дошло до судир во воздух помеѓу двајцата параглајдеристи од Украина и од Велика Британија.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот