Прилепското Обвинителство истражува обид за убиство во село Чепигово
Основното јавно обвинителство Прилеп извршило увид на местото каде што 22-годишен жител на селото Бела Црква, општина Кривогаштани се обидел да лиши од живот едно 35-годишно лице од село Чепигово, општина Прилеп.
- Вчера околу 19:30 часот во атарот на село Чепигово, осомничениот со пиштол калибар 9мм пукал во оштетениот, кој од истрелот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. Причината за овој кривично – правен настан се претходно нарушени односи помеѓу двете лица. Надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, по увидот на лице место, издаде наредби за обезбедување на материјални докази пронајдени на местото на настанот, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
Врз оштетениот, како што велат од Обвинителството, е извршена хируршка интервенција во болницата во Прилеп и според првичната констатација на лекарите, тој се наоѓа надвор од животна опасност.
По пристигнувањето на кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежниот јавен обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието