Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
Ковачевски поднесе поставка од лидерското место во СДСМ. Оставката како што информираат од неговата партија е поднесена попладнево директно на седница на Извршниот одбор, прва по изборите на 8 мај. Ковачевски повлекувањето, како што образложил во своето обраќање, го прави као морален чин поради искличително лошите резултати на претседателските и парламентанрите избори.
ТЕЛОП КОВАЧЕВСКИ: На парламентарните и претседателските избори СДСМ доживеа пораз, со што му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите, дел од сегашните, како и од доскорешни членови на партијата организирани во друг политички субјект, а стимулирани и од поранешни носители на високи партиски функции., рекол Ковачевски пред сопартијците.
Тој повикал и истовремено со него да се повлече и целокупнотот раковдство на партијата, бидејќи граѓаните со право се незадиовлни и не веруваат во ништо.
ТЕЛОП Корупцијата на секое ниво, личните интереси, долгата европска интеграција и изневерените очекувања на граѓаните, нискиот просечен раст на економијата во изминатите три декади, непотизмот, бизнис интересите, етничкиот професионализам, се само дел од крупните дефекти на системот, кој ја јаде и разорува државата и кој мора конечно да се промени. Таа промена треба да започне од СДСМ, порачал Ковачевски
Тој побарал и обновата на СДСМ да започне веднаш и тоа на сите нивоа. При тоа советува тој процес на да биде долг, но не и брзоплет.
Ковачевски вели консолидацијата треба да се одвива во три чекори: враќање на идолошката матрица, длабока кадровска промена со вистински социјалдемократи и реформа на организациската поставеност во партијата.
Пред Ковачевски, веднаш по изборите повлекување од раковдството најавија заменик-претседателката Лукаревска, како и потпретседателите Тренчевска, Битиќи и Перо Костадинов.
Седницата на извршниот одбор е прв чекор кон свикување на пост зборен Конгрес.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар