-->
-->
Пријавувајте се за „Виз-ер“ скопскиот маратон
-->
Виз Ер Скопскиот маратон како и секоја година, ги поттикнува сите на заеднички начин да ги исполнат своите цели и заедно да го поминат денот на што е можно позабавен начин. Остануваат уште 10 дена до крајниот рок, 31-ви март, датум после кој цените се зголемуваат и рок до кога може да ја искористите можноста вашето име да биде испишано на вашиот стартен број.
Виз Ер Скопскиот маратон претставува едно од најголемите натпреварувања кое се организира во Македонија. Виз Ер Скопскиот маратон ги урнува темелите на конвенционалното и прераснува во настан од глобален размер исполнет со конкуренција и забава. Голем дел од учесниците кои се натпреваруваа во претходните маратони се изјаснуваат дека денот кога се одржува маратонот никогаш нема да го заборават.
Насловниот спонзор Виз Ер и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер од 20 евра за купување на авионски билети преку нивната официјална страна. Овие ваучери после успешна регистрација се праќаат на мејл адреса, која учесникот ја остава при процесот на регистрација. Оние што досега се имаат пријавено, истотака, ќе ги добијат ваучерите на своите мејл адреси во следните неколку денови.
Условите за користење на овој ваучер може да се прочитаат на http://skopskimaraton.com.mk/wizzvoucher
Можноста за натпреварување со голем број на учесници и забавата и еуфоријата што се чувствува пред стартот се доволна мотивација и дополнително го дополнуваат адреналинот кај секој учесник за успешно завршување на трката. Претходни учесници, од минатите години сеуште го паметат овој ден како еден од најзабавните и еуфоричните денови во својот живот.
Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопскиот Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.
И едно потсетување дека сеуште е во тек и пријавувањето за Авицена Женксата трка која ќе се одржи на 9 април. Повеќе информации на www.zenskatrka.mk
Повеќе информации можат да се најдат на:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот