Прием на борачот Нуров во МОК
Денеска, во просториите на МОК, претседателот д-р Васил Тупурковски му го честиташе бронзениот медал на Магомедгаджи Нуров и на неговиот личен тренер Могамед Ибрагимов, освоен на светското првенство во борење.
Тупуркоски како прв човек на МОК ја истакна стратегијата што заедно ја подготвија со тренерот Ибрагимов и поранешниот претседател Чедо Николовски уште во 2015г за натурализација на Нуров, Егоров и Аскарбиев со цел да освојат олимписки норми за игрите во Рио и сега за Токио наредната година.
Освојувачот на бронзениот медал на СП во Казахстан Нуров се заблагодари на довербата и помошта од МОК и вети нов успех на игрите во Токио како резултат пред се на одличната соработка и тренинг со Могамед Ибрагимов.
Нуров обезбеди олимписка норма што беше потврдено и со допис од меѓународната боречка федерација со забелешка дека МОК треба да го потврди неговото учество на игрите во Токио најдоцна до 9.октомври.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар