Македонија
23. April 2022 - 17:06

При тепачка во трговски прободен 16-годишник, уапсени двајца малолетници

Денеска (23.04.2022) околу 12.30 часот полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител, лишиле од слобода малолетник од тетовски Дреновец, а околу 15.50 часот, исто така  во присуство на родител уште еден малолетник од тетовски Порој, поради сомнение за нивна инволвираност во физичка пресметка во трговски објект на ул.„Јане Сандански“, пријавена во СВР Тетово вчера во 21.05 часот, во која со остар предмет бил повреден 16-годишен малолетник од Тетово, велат од МВР.

Нападнатиот бил пренесен за укажување на лекарска помош во тетовската Клиничка болница.

Со приведените малолетници бил извршен службен разговор и се работи на целосно расчистување на случајот.