При пукањето во центарот на градот, повреден 49-годишен кумановец
Нерасчистени односи се причината за попладневното пукање во Куманово, соопшти СВР Куманово. Кај нив случајот бил пријавен во 17:17 часот, кога било пријавено дека на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово четириесет и четири годишниот М.С. испукал со пиштол и го повредил Т.Ш.(49) во пределот на нозете.
- Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.
Претходно од кумановската болница соопштија дека кај нив со возило на итна помош било донесен повредениот со две прострели рани во двете нозе. По пружената здравствена грижа во болницата, а поради сериозноста на повредите, лицето е однесено во една од скопските клиники за понатамошно лекување.
-По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата