Преживеаниот гитарист на ДНК: Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса
Добрите вести конечно пристигнаа за младиот гитарист од Штип, Горан Тонев, кој беше дел од бендот на ДНК. По двомесечно лекување во болница во Солун, тој се врати дома. Веднаш по трагедијата, поради сериозноста на повредите, беше испратен на лекување во Грција.
На својот профил на Фејсбук, Тонев објави фотографија на која е со завои на главата, вратот и рацете — доказ за сериозноста на повредите здобиени при пожарот во дискотеката.
На фотографијата е заедно со медицинскиот персонал кој се грижел за него за време на неговиот престој во болницата.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, и на целиот персонал од болницата 'Папаниколау' во Солун за нега и грижа. Исто така, огромна благодарност до медицинските екипи во Кочани и Скопје, како и до моите роднини и пријатели кои се молеа за мене. Чувствата ми се измешани — колку што сум благодарен и среќен што сум жив, толку сум и тажен поради загубата на младите животи, особено на моите колеги и пријатели. Сочувство до сите семејства“, напиша Тонев.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии