Презентации и работилници на Недела на дизајн во Скопје

Презентација на тема „Кофинансирачки грантови за новооснованите претпријатија“ ќе се одржи денеска (14:00) во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во рамки на манифестацијата „Скопје дизајн вик“.
Презентери ќе бидат Катерина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој и Нина Нинеска од „Модулар арт дизајн“.
Целта на презентацијата е да се даде детален опис на инструментите за добивање кофинансирачки грантови за новооснованите претпријатија, старт-ап и спин-оф, вклучувајќи ја целта на одреден инструмент, критериумите за подобност, процесот на селекција и др.
За попладне во 16 часот, пак, е најавена презентација на проектот „„Practicing Design“, која ќе ја одржат професорите Јана Манева-Чупоска, Гордана Вренцоска, Зоран Ѓурески и Марта Наумовска Грнарова од „Завар дизајн“. Целта на проектот е да се промовира работата базирана на учење и развивање повеќеслојни и претприемачки вештини во дизајн-едукацијата со развивање и тестирање на сет од иновативни тренинзи. Прирачникот за практичните тренинзи е развиван со размена на знаења и искуства помеѓу седум регионални партнерски организации од три држави, Австрија, Хрватска и Македонија.
Ќе се одржи и презентацијата на работилницата „Мапирање на градот – креативни пристапи на Скопје“ (17 часот) на холандските дизајнери Марк Ендрју и Кристијан Деген, кои заедно работат како „ЕндрјуДеген“, графичко и истражувачко дизајн-студио базирано во Амстердам, Холандија. Во форма на работилница, презентацијата веќе ја имаат изведено на многу дизајн-фестивали и градови со светот, како Букурешт, Загреб, Дакар, Мексико Сити, Измир, Кејптаун, Хелсинки, а сега ја реализираат и во Скопје. Двајцата презентери во текот на Недела на дизајнот во Скопје соработуваат со локални дизајнери истражувајќи ги скопските катчиња. Учесниците во работилницата ќе развијат сопствени идеи базирани на социјални теми, лични искуства и ќе се обидат да го откријат уникатниот визуелен јазик на градот.
За вечер во 20 часот е најавен перформансот „Унтие“ на македонскиот уметник со светски успех, Игор Јосифов, а во 22 часот настап на џез-групата „Eyot“ од Ниш, Србија.
Ново на Сител
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски и Филипче во дуел за резултатите на владата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од СДСМ
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
-

Уште 5 дена од кампањата за вториот круг, кандидатите за градоначалници и денеска на терен
-

Петар Јанков и официјално ја презеде градоначалничката функција
-

11 месеци затвор за таткото кој нападна малолетни фудбалери на натпревар во Штип
