Претстојниот викенд ќе се одржи 31. Охридски пливачки маратон
На 19 август ќе се одржи 31-от Охридски пливачки маратон кој од 1962 година се случува во водите на Охридското Езеро.
Првата маратонска трка се одржала далечната 1954 година во должина од 2,5 километри, а по неколку години трката се претвори во 30 километарско докажување на спортски и пливачки способности, истрајност, дисциплина и храброст.
Патеката на охридскиот маратон започнува од манастирот „Свети Наум“ и завршува на градското пристаниште во Охрид. Поради долгата традиција овој маратон од 1998 година стана дел и од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) која заедно со пливачката федерација на Република Македонија со години го организира овој спортски настан. Патеката е со долга традиција, воспоставена во 1992 година и е наречена „Климе Савин“. Неприкосновен шампион на оваа патека со години беше легендарниот Петар Стојчев од Бугарија со дури 11 победи. Минатата година златото го освои македонскиот пливач Томи Стефановски.
Женските трки во овој маратон се одржуваат уште од самите зачетоци кога Атина Бојаџи беше првата жена да победи на трката во 1962 година. Мината година златото го зеде Олга Кузудуб од Русија.
Главен покровител на охридскиот пливачки маратон е претседателот на Република Македонија. Маратонот е организиран од страна на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и Пливачката федерација на Република Македонија, а од оваа година како ко-организатор се јавува и Општина Охрид.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња