Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
Без да ги види сите факти министерот за здравство донел не исправна одлука со која и ги одзема овластувањата на Стоматолошката комора за издавање, продолжување и одземање на лиценци тврди престедателот Маријан Денковски. Тој прстот го впери во Комисијата при министерството и најави судска постапка, откако Азир Алиу во саботата излезе со обвинувања за сериозни пропусти во работата на Комората меѓу кои едукации на стоматолози преку нерегистрирани здруженија и склучување на незаконски договори.
- Конкретно мислам дека министерот не е до крај информиран од комисијата негова и затоа ние комисијата на министерството ја имаме на тапет како и кривична пријава за нив, изјави Маријан Денковски, претседател на Стоматолошката комора на Македонија.
За сомневањата за финансиски злоупотреби и истрагата од страна на финансиската полиција кои ги посочи министерот, Денковски тврди дека тој и Комората работеле законски, а тоа според него го покажале повеќето контроли на надлежните институции.
- Да не беше така јас сега немаше да бидам тука, рече Денковски.
Од денеска лиценцирањето на стоматолозите ќе го врши министерството, но на Комората не и се одземени надлежностите за стручни надзори.
Од здравство и денеска преку соопштение тврдат дека одлуката е донесена врз основа на факти, аргументи и инклузивност во процесот на сите релевантни чинители. Одлуката е резултат на подолготрајна и сеопфатна анализа од повеќе стручни лица.
Министерството за здравство за оваа цел имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на комората и во двата случаи се констатирани неправилности на кои е укажано со законски рок за отстранување на истите но во законските рокови не е постапено од страна на Стоматолошката комора, соопштија од мз.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар