Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
Црна Гора денеска ќе ги собере лидерите од Западен Балкан и претставници на Европската Унија и САД на самит на кој ќе разговараат за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.
Домаќин на самитот во Котор, под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ ќе биде премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
На состанокот ќе учествуваат и европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеј и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан.
Стејт департментот соопшти дека О’Брајан и другите учесници на самитот во Котор ќе се фокусираат на регионалната економска интеграција и можностите за раст понудени од Планот за раст на Западен Балкан и ќе ја зајакнат силната американска поддршка за патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ.
Заедно со лидерите и министрите на земјите од регионот, во Котор беа поканети и партнерски организации, како што се Советот за регионална соработка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Транспортната заедница, Атлантска алијанса, Енергетска заедница, Фондација Отворено општество, РеСПА, ГИЗ.
Планот за раст на Западен Балкан, што Европската комисија го усвои во ноември, а ЕУ пред две недели, предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди се поволни заеми обезбедени од ЕУ.
Услов за добивање средства е спроведување на реформите, пред се во делот на почитување на демократските механизми, владеењето на правото и основните права.
Планот го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада од Западен Балкан шест да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите што ги спроведувала во тој период.
Ново на Сител
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија