Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „многу би сакал“ да го прекине финансирањето на американскиот јавен радио сервис Ен-Пи-Ар (NPR) и јавната телевизија Пи-Би-Ес (PBS), кои ги обвинува дека се „многу пристрасни“.
-Ќе ми биде чест да ставам крај на тоа, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
Американските јавни медиуми, со понизок рејтинг од нивните европски колеги, долго време се мета на клевети од конзервативците, кои ги обвинуваат дека се „премногу левичарски“.
-Сите тие пари се фрлаат… И тие имаат многу пристрасен став, рече републиканскиот претседател.
Во истото обраќање до медиумите, Трамп го нападна главниот уредник на магазинот „Атлантик“, Џефри Голдберг, кој во понеделникот откри недостатоци во воената безбедност.
Според веб-страницата на јавниот радиодифузен сервис Пи-Би-Ес, структурата што ги дистрибуира федералните субвенции има буџет од приближно 500 милиони долари годишно, што беше одобрено од Конгресот за време на гласањето за буџетот.
Таа структура, Корпорацијата за јавна радиодифузија, наведува дека дава „повеќе од 70 отсто“ од своите субвенции на бројни локални радио и телевизиски станици, кои пак ги откупуваат правата за реемитување програми произведени од националните структури, Ен-Пи-Ар и Пи-Би-Ес.
Националната структура на Ен-Пи-Ар од своја страна наведува дека добива „околу еден процент“ од директните федерални субвенции и живее главно од реклами и програми купени од локалните станици.
Ен-Пи-Ар проценува дека 41 милион Американци, од вкупно 340 милиони жители, ги слушаат неговите програми секоја недела. Пи-Би-Ес проценува дека 36 милиони луѓе гледаат локална телевизија на нејзината мрежа секој месец.
Администрацијата на Трамп неодамна одлучи да ја распушти владината агенција која ги надгледува радио станиците Глас на Америка (ВоА), Радио Слободна Азија и Радио Слободна Европа/Радио Либерти.
Ново на Сител
-
Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука
-
Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Ејпл“ маски за телефон
-
МВР распиша оглас за 150 полицајци
-
НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА
-
Приведен возач од Гевгелија, возел со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола