Претставници на АХВ ќе посетат фарма во село Петровец
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ќе посетат краварска фарма во скопското село Петровец.
Стручни лица од Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните ќе ги презентираат условите што треба да ги исполнат фармите од аспект на благосостојбата на животните како битен услов за производство на безбедно и квалитетно млеко, додека претставници од Секторот за јавно ветеринарно здравство ќе ја презентираат актуелната состојба во производството на млеко во Македонија.
Фармата во Петровец ќе ја посетат и деца од градинката „Кокиче“ од скопската општина Кисела Вода, за изворно да се запознаат со процесот на производство на млеко.
Посетата е во рамки на кампањата „Од нива до трпеза, од фарма до вилушка - безбедна храна за македонските граѓани“ за едукација на децата за безбедноста на храната и исхраната, која ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица